Поврзи се со нас

Македонија

Расте бројот на заболени од рак на кожа

Објавено

на

Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров вели дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат  бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочува дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа.

-Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е сто процентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори, рече Петров.

Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните.

-Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува.Така  што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“, рече тој.

Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организираше бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена