Гостивар
Реакции на Лекарската комора и ЗНМ за пишувања и објави за смртта на д-р Трајче Нешковски

Објавено
пред 3 месецина

Лекарската комора реагираше на пишувањата по социјалните мрежи околу трагичната смрт на д-р Трајче Нешковски во собраќајката која се случила откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.
„Сметаме дека до добивање на извештаите од истрагата и обдукцијата на докторот е некоректно да се истапува со вакви постови за докторот кој во изминатите месеци пожртвувано работеше во ковид центрите низ Републиката. Да не заборавиме дека тој самопрегорно и пожртвувано се бореше за животите на нашите граѓани кои беа инфицирани од ковид 19 во текот на специјализацијата која ја извршуваше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија Скопје. Партиската определба е лична работа на секој поединец и сметаме дека вакви трагедии не треба да се злоупотребуваат во партиски цели. Токму затоа апелираме до медиумите да се оградат до добивање на официјалните информации од надлежните служби на МВР и Судска медицина и воздржат од понатамошни коментари за трагедијата во која загина нашиот колега.“, се вели во сооштението.
Со реакција се јавија и Советот за етика во медиумите и ЗНМ, нагласувајќи дека сензационализам е недозволив во известување за лични трагедии.
„По сообраќајната несреќа на улица Рузвелтова во Скопје, од чии последици животот го загуби едно лице, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари (ЗНМ) со загриженост реагираат на ширењето шпекулации и невистини преку некои медиуми, како и на сензационалистичкото известување во врска со овој настан. Веднаш по инцидентот во повеќе медиуми беа објавени речиси идентични содржини во кои се тврди дека возачот бил под дејство на алкохол, без да има каква било официјална потврда за тоа. Напротив, истите тие медиуми се повикаа на информации од сведоци, што подоцна се покажаа како неточни. Им укажуваме на медиумите дека сензационалистичкото известување во јавноста не смее да го замени професионалното и етичкото известување во кое е потребно да се води сметка и за последиците од трагедијата за семејството. Објавувањето на фотографиите од настанот веднаш по несреќата на коишто беше забележлива и регистарската табличка на автомобилот е во спротивност со членот 7 од Кодексот на новинари, според кој новинарите и уредниците треба да ја почитуваат приватноста на личноста, како и личната болка и жалост, како и во спротивност со членот 8 според кој „начинот на информирање во случаи на семејни трагедии мора да биде ослободен од сензационализми“. Освен тоа, им укажуваме на уредниците дека сносат одговорност што со објавувањето на таквиот материјал овозможуват и негова понатамошна поширока дистрибуција и пристап до него од ранливи категории граѓани и малолетни лица, што би можело да предизвика дополнителна вознемиреност и последици од таквото известување. Во исто време остро го осудуваме и говорот на омраза што се појави на социјалните мрежи во врска со случајот. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе итна истрага преку која ќе се утврди идентитетот на лицата кои го поттикнуваа говорот на омраза, а потоа Основното јавно обвинителство да покрене и случај преку кој тие ќе ги бидат санкционирани во согласност со Кривичниот закон. Овие две институции потребно е да ја разберат сериозноста на неказнивоста на говорот на омраза во Република Северна Македонија, кој мора да престане со цел да се избегнат и делата од говор на омраза.“, пишува во реакцијата.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
АНКЕТА:

УЈП го продолжи рокот за даночни пријави до 29 јануари

Убедлива победа на ЖКК Гостивар, совладана екипата на Пантери (70-44)

АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

Инспекцијата затвори локал во Градец, имало 7 гости по дозволеното работно време

Од 2013 тестирања, регистрирани 347 нови случаи на ковид-19 во земјава

ПИСМА: Граѓани алармираат за купишта ѓубре на православните гробишта во Млаки

Дури 70.000 луѓе стравуваат за работните места заради новиот закон за игри на среќа

Гостиварец нападнат и каснат од куче скитник

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Во Гостивар ќе се постават ПЛАСТИКОМАТИ – остави пластично шише, земи пари!

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Нова „Мега акција со Мега ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ