Занимливости
Реткост! Сина Месечина на небото во август

Набљудувачите на Месечината во август ги очекува двојно уживање, со две полни Месечини, поголеми од вообичаеното, во еден месец, јави ДПА.
Имено, нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата утре и повторно на 31 август. И двете полни Месечини ќе изгледаат речиси исто големи, според германската група аматерски астрономи – „Здружение на пријатели на ѕвездите“ (Vereinigung der Sternfreunde). Овој двоен спектакл е можен бидејќи циклусот меѓу две полни Месечини е 29,5 дена, а август има 31 ден. Инаку, две полни месечини во еден календарски месец се ретка појава. Од нив, втората се нарекува „Сина Месечина“ – следната е на 31 мај 2026 година.
На 1 август – утре, најблиското приближување на Месечината до Земјата ќе се случи навечер, 20:35 часот по македонско време, но над Европа ќе се појави еден час потоа. На крајот од месецов, пак, таа појава ќе биде целосна неколку часа пред изгрејсонцето – во 3:36 часот по македонско време.
За двете полни месечини во август, растојанието меѓу Земјата и нејзиниот сателит ќе биде околу 357.000 километри. Просечното растојание, според НАСА, е 384.400 километри.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград