Поврзи се со нас

Занимливости

Роботски вулканизер двапати побрз од човечки раце?

Објавено

на

    Американската компанија RoboTire започна со продажба и инсталирање на своите роботски решенија за брзо менување гуми на патничките автомобили, кои ја намалуваат потребата од луѓе и го забрзуваат целиот процес.

    Во иднина може да го однесете вашето возило на вулканизер за промена на гумата, а таму би можел да ве послужи робот. Токму таква е визијата на американската компанија RoboTire која разви и почна да инсталира роботски асистенти во работилниците за вулканизација.

    Роботските раце на оваа компанија се произведени во САД и користат технологии како што се вештачка интелигенција, компјутерска визија, машинско учење, сопствен софтвер и напредни камери со висока резолуција, сето тоа за да можат брзо и ефикасно да ги демонтираат и монтираат тркалата на автомобилот. За целата операција, со помош на еден техничар, овој робот може да смени четири гуми на патнички автомобил за околу 25 минути. Ова заштедува време, им го олеснува најтешкиот дел од работата на луѓето, а исто така го намалува ризикот од нивни повреди на работа.

    Како што можеме да видиме на видеото, роботот е ангажиран во отстранувањето на тркалата од возилото и враќањето назад, со помош на пневматски шрафцигер. Балансирањето, проверката на притисокот, како и менувањето на гумата на бандажот сепак го прави човек, додека роботската рака е задолжена за сите манипулации на тркалото. RoboTire јавно не ја наведува цената на својот роботски асистент на вулканизерите, но вели дека инвестицијата во овој систем може да се исплати за повеќето работилници во рок од една година, како во однос на намалените трошоци за персонал, така и зголемената продуктивност.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена