Гостивар
Родителите чии девојчиња биле злоупотребени во групата „Јавна соба“ да пријават
Бирото за јавна безбедност го истражува случајот со групата „Јавна соба“ на сервисот за инстант пораки Телеграм, по добиена информација дека членовите споделуваат експлицитни фотографии и видеа од малолетни девојчиња.
„Таа група е креирана многу брзо и за толку кратко време има толкав голем број на учесници. Од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на случајот Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Апелирам што побрзо да се заврши делот на истрагата и оние за коишто ќе се утврди дека се одговорни да сносат одговорност. Ова е апел до сите нас, до родителите и до образовните институции за поголем надзор врз децата и благовремено реагирање. Имало и претходно вакви случаи и биле расчистувани навремено. Но, не е само репресивниот елемент тука, треба и повеќе да се работи превентивно“, изјави денес техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ апелираше родителите чиишто девојчиња биле злоупотребени во групата да ги пријават случаите.
„Информацијата ја добивме синоќа и веднаш со МВР и МОН се координиравме. МВР постапува во делот на истрагата. Сакам да упатам апел до сите родители чиишто девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група да се обратат до Центрите за социјална работа, нашите тимови ќе ја пружат потребната помош и поддршка.“, рече Шкриељ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок