Поврзи се со нас

Гостивар

Родителите на Амбла од Гостивар на средба со министрите Тренчевска и Шаќири

Објавено

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со родителите на Амбла Адеми од Гостивар, чиј случајот во јавноста побуди голем интерес и реакции.

Министерката Тренчевска истакна дека, инклузијата во образованието е клучна за децата со попреченост и токму на тој начин се придонесува за нивно полесно прифаќање од средината.

“Стереотипите и предрасудите треба да се надминат. Едно општество за сите е концепт зад кој цврсто застанавме и тој не треба да биде само флоскула, туку сите заедно да го преточиме во  реалност. Со инклузијата им даваме шанса на децата со попреченост во иднина тие  да можат да придонесуваат во општеството,” рече Тренчевска.

Таа информираше дека изминативе години министерството сериозно вложува во инклузивноста на градинките, како за обезбедување на пристапноста, така и во зајакнување на кадарот за работа со децата со попреченост. Инлузијата им помага и на другите деца да развијат емпатија, толеранција и прифаќање на различностите.

Министерот Шаќири нагласи дека проблемот е надминат и Амбла од утре ќе продолжи со редовната настава во нејзиното одделение.

На средбата беше заклучено дека преку заедничка меѓуинституционална соработка ќе се постигнат вистински резултати. На средбата присуствуваа и директорите на Центарот за социјална работа – Гостивар и на училиштето кадешто Ембла посетува настава.

Училиштето и Центарот заедно ќе работат на обезбедување на инклузија и прифаќање на Амбла и сите други ученици со попреченост во редовното образование.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена