Македонија
Родителите на деца кои ќе одат во училиште и градинка да се вакцинираат, апел од Филипче

Во пресрет на почетокот на новата учебна година, министерот за здравство Венко Филипче излезе со апел родителите да примат вакцина за да го заштитат семејството.
„Дозволете ми да повикам на масовна вакцинација, посебно родителите чии деца сега ќе почнат да одат на училиште или во градинка, а децата не може да се вакцинираат, тие под 12 години, битно е нивните родители да се вакцинираат, на тој начин да се обезбедат семејствата. Сите пандемии и епидемии завршиле исклучиво со вакцинација и кога го имаме овој механизам и веќе е докажано ефективен, со малиот број на пациенти каде е поголем опфатот со вакцинација, да го искористиме, тоа целосно ќе ја смени сликата со пандемијата, како кај нас така и во целиот свет.“, рече министерот.
Филипче соопшти дека во последниот период значајно расте интересот за вакцинација меѓу помладите групи од 18 до 40 години и таа бројка е околу 170 илјади граѓани.
Тој смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска и оти ќе биде потребна и трета доза за што, според него, зборуваат и голем број студии. Кај нас се разгледуваат студиите и искуствата, нагласи, но веројатно е дека практично целиот свет ќе оди во таа насока. Сега се разгледува по кој период од ревакцината треба да се прими третата доза и дали треба да биде од ист или различен производител.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022