Гостивар
Романтично запросување покрај Ростушкиот водопад Дуф

Романтичен гест на еден млад човек, деновиве го сврте вниманието на јавноста и предизвика низа позитивни реакции. Роби Симоноски ја побара за жена својата сакана Џумана Балиќ во воодушевувачката природа крај Ростушкиот водопад Дуф. Сето тоа беше изненадување за девојката, а зачинето со шампањско, балони и цвеќе, како што е редот кога се покажува љубов и внимание. Секако, го доби одговорот што го посакуваше – ДА. Нека се среќни и вечни!
Користиме прилика, па потсетуваме на убавините на водопадот Дуф кај Ростуше, природна реткост што вреди да се посети. Од центарот на селото до водопадот се стигнува за 30-тина минути. Патеката е обележана, уредена, обезбедена со дрвена ограда и во поголемиот дел е лесно проодна. До самите водопади се поминува низ Дуфскиот кањон кој е висок и до 60 метри и кој претставува вистинска атракција. Местото е специфично и со пријатната клима а температурата во најжешките летни периоди изнесува од 18 до 20 степени. Низ кањонот тече Ростушка река која е најголема во пролетниот период. Главна атракција и вистински празник за очите е водопадот Дуф со висина од околу 25 метри.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар