Вести
Русија потроши 10 милјарди – погледнете каде ќе се играат натпреварите на СП 2018
Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни. Ќе се игра во 11 градови на 12 стадиони. Русија долго се подготвуваше за овој Мундијал, потроши повеќе од 10 милјарди долари за изградба на стадиони и инфраструктурата како би обезбедиле најдобри услови за националните селекии и навивачите. Погледнете на какви стадиони ќе се игра ова првенство.
Лужњики – Москва
На Лужњики ќе се отвори и затвори Светското првенство. Стадионот е изграден во дамнешната 1956 година и тука се одржаа Летните олимписки игри во 1980 година. За Светското првенство во фудбал е реновиран и проширен, и сега тука има места за 81.000 посетители.
Откритие арена – Москва
Откритие арената е отворена во 2014 година. Тоа е нов стадион на московскиот Спартак. Капацитетот е 45.000 гледачи.
Крестовски стадион- Санкт Петербург
Новиот стадион на Зенит е изграден на истото место каде што се наоѓаше и стариот стадион на овој клуб. Mоже да прими 68.000 гледачи. За време на изградбата трошоците постојано растеа и на крајот изнесуваа 900 милиони евра.
Централен Стадион- Екатеринбург
Ова е стадионот на ФК Урал. Не ги исполнуваше условите на ФИФА поради малиот капацитет, русите изградија дополнителна трибина од 12.000 за да ги задоволат условите. После светското трибината ќе биде отстранета. Капацитетот е 35.000 гледачи.
Ростов Арена- Ростов
Ростов арената е изградена за потребите на Светското првентство. Стадионот ќе го користи екипата на ФК Ростов. Капацитет 45.000 гледачи.
Казан Арена- Казан
Во главниот град на република Татарстан. Стадионот на Рубин Казан со капацитет од 48.500 гледачи.
Стадион Нижни Новгород- Новгород
Уште еден стадион кој се комплетно изграден за потребите на Светското првенство. Стадионот има капацитет за 45.000 гледачи.
Калининградски стадион- Калининград
Стадионот на ФК Балтик кој се натпреварува во третата руска фудбалска лига. Капацитет 35.000 гледачи.
Арената Мордовија- Саранск
Арената во Саранск има капацитет од 44.000 места. Стадионот ќе го користи ФК Мордовија која се натпреварува во третата руска лига.
Космос Арена- Самара
Уште еден стадион изграден наменски за Светското првенство. Космос арена беше замислена да се изгради на 27 хектари. Во текот на градбата дојде до промени заврши на 930 хектари. Во Арената има место за 44.000 гледачи.
Олимписки стадион- Сочи
Олимпискиот стадион беше изграден за Олимпијадата во 2014. Еден од најмодерните спортски арени во светот, со подвижен кров, подвижен терен, се пренаменува во сала, но не ги исполнувал условите на ФИФА, стадионите морале да се отворени. Русите отстранија пола од кровната конструкцијата. Има капацитет од 41.000 гледачи.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди