Рецепти
Салата со пилешко филе, биволско сирење и прелив од мармалад од шипинка

Ако сте од оние кои во лето сакаат лесни, брзи, но нутритивно богати оброци, тогаш имаме одличен предлог за вас. Раскошната салата со пилешко филе, биволско сирење, прелив од мармалад од шипинка и многу свеж зеленук е наш предлог летен оброк, а земајќи ги предвид сите возможни комбинации, тој може да биде доволно богат како целосен ручек.
Потребни состојки за 4 порции:
-пилешко филе 200 гр
-зелена салата 150 гр
-црвена салата 150 гр
-рукола 100 гр
-чери домати 150 гр
-биволско сирење 150 гр
-мед 2 лажици
-балсамико оцет 50 мл
-мармалад од шипинка 50 гр
-бадеми(сурови) 100 гр
-маслиново масло 30 мл
-сол
-бибер
Начин на подготовка:
Измијте и исечкајте го зеленчукот, исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Додадете ги преполовените чери домати. Во мало тенџере ставете го балсамико оцетот заедно со мармаладот од шипка и медот и загрејте ја смесата неколку минути, а потоа изладете ја. Зачинете го пилешкото филе со сол и бибер и пропржете го од двете страни до златна боја во тава (обична или на скара – што и да имате). Во сува тава од двете страни потпечете го биволското сирење на хартија за печење. Зеленчукот го зачинуваме со сол и маслиново масло, па го распоредуваме во чинии. Одозгора ставете ги печеното биволско сирење, парчиња пилешко филе и на крај завршуваме со прелив од шипинка. Посипете ги со сечканите бадеми. По желба, бадемите може да се испечат претходно во сува тава за да бидат поароматични.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос