Гостивар
СДСМ Гостивар: Одлуката за намалување на ноемвриските плати во образование е незаконска, бараме поништување

Советничката група на СДСМ реагираше на одлука донесена на последната седница на Советот на Општина Гостивар, која се однесува на намалување на ноемвриските плати за вработените во училиштата за 5%.
„На Седницата на Општина Гостивар одржана на ден 26.11.2021 година, беше донесена одлука со мнозинство гласови од владеачката коалиција во Советот, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Таа претходно на дневен ред беше ставена како предлог од координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со одлуката се предвидува да им се намалат платите на вработените во основните и средните училишта на територија на општина Гостивар за 5% за месец ноември. Во образложение од страна на одговорното лице задолжено за фанинансирање и буџет на Општина Гостивар дека тој износ ќе биде надоместен во месец јануари. Меѓу другото, во образложението се наведува дека намалувањето се прави со цел да не доцнат платите во образованието. Таквото образложение нема никаква законска основа и логична оправданост, бидејќи Законот за наставници и стручни соработници јасно предвидува во кои случаи може да дојде до намалување на платата на наставникот. Ниту еден од искажаните аргументи не се поврзани со Одлука која се носи на Седница на Совет на општина.“, рече на денешната прес конференција, Ема Нешковска, советник од редовите на СДСМ.
Ваквата одлука од партијата и од советничката група ја сметаат за штетна и незаконска и ќе бараат нејзино поништување. „Советот на општината не може на своја волја да носи одлуки со кои се прекршуваат законот и правата на вработените во образованието, посебно во услови кога Владата на РСМ настојува да ги зголеми платите во оваа сфера. Дотолку повеќе што, во член 36 став 1 точка 2 од Законот за локална самоуправа, каде што се уредуваат надлежностите на Советот, се предвидува дека Советот на општината донесува буџет на општината и годишна сметка на општината, во кој треба да се предвидат сите приходи и расходи за тековната година. Ваквата одлука, која е штетна за наставниците треба да биде поништена, поради што советничката група на СДСМ ќе испрати допис со кој ќе се известат надлежните институции за овој случај. Никој во општината, а најмалку оние кои чесно си го одработиле својот дел од работата не заслужува да биде оштетен поради недомаќинското работење и менаџирање со финансиите од страна на општинската власт. Тоа е негрижа за својот народ. Ние, советниците од СДСМ тоа нема да го дозволиме и секогаш ќе ги застапуваме и штитиме правата и интересите на нашите сограѓани.“, истакна Нешковска.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022