Македонија
СДСМ и ДУИ постигнаа договор за Влада
СДСМ и Коалицијата „Можеме” и Демократската унија за интеграција постигнаа коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство и состав на нова Влада. Премиер во следните четири години ќе биде Зоран Заев, а според договореното на 100 дена пред наредните парламентарни избори ДУИ ќе даде свој предлог за премиер. Техничката Влада ќе биде укината.
Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места.
„Јас сум особено горд што овој договор го постигнуваме на самиот почеток на истекот на 20-те уставно гарантирани денови кои јас ги имам на располагање како мандатар. Брзиот напредок во преговорите и брзиот суштински договор ни беа особено важни заради потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, а со цел справување со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19.“, изјави Заев.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека коалицискиот договор е поставен на здрави темели и дека сега треба што побрзо да се конституираат институциите.
„Многу е значајно дека коалицијата е поставена на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Убеден сум дека ова партнерство кое го надградуваме за уште 4 години ќе биде успешно, на следната влада и на оваа коалиција им посакувам успех.“, рече Ахмети.
Официјална потврда за распределбата на министерските места за сега нема.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди