Поврзи се со нас

Гостивар

Се бараат слаткари и фризери за Гостивар, платена обука + 150 евра во џеб

Објавено

на

Агенцијата за вработување отвори оглас за обуки на невработени лица за побарувани занимања на пазарот на трудот. За Гостивар ќе се спроведат обуки за слаткари и фризери, кои се дефицитарни професии. Право да се пријават имаат невработени лица корисници на гарантирана минимална помош и тие за времетраење на обуката нема да го изгубат правото на оваа помош.

Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.

По завршување на обуката, спроведувачите на обука имаат можност да обезбедат 30-50%  вработување за кандидати кои успешно ја завршиле обуката и се стекнале со Сертификат. Минималниот период за вработување на определениот број на обучени лица е три последователни месеци во период од еден месец по завршување на обуката со полно работно време.

Пријавувањето трае до 22 октомври.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена