Поврзи се со нас

Вести

Се чека на Владата за новите предлог мерки против ковид

Објавено

на

Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани.

Вакцинирано е 39 отсто од целокупното население во земјава, а 38 отсто примилe две дози.

Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози 48 проценти.

Две дози примиле 57 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Инаку, со новите предлог-мерки се предвидува вработените во јавните институции задолжително да прикажат потврда за примена најмалку една вакцина, ПЦР негативен тест, потврда за прележан ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека не можат да ја примат вакцината. Се предлага и задолжителна вакцинација на сите здраствени работници.

Од МОН потврдија дека овие мерки препорачани за јавниот сектор ќе важат и за вработените во образованието.

-За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, изјави советникот во Министерството за образование и наука, ДушанТомшиќ.

Комисијата за заразни болести предлага овие мерки да стапат во сила десет дена откако ќе ги усвои Владата.

Со цел заштита од коронавирусот, во земјите од регионот се најавува и четврта доза вакцина. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача и четврта доза, а самата имунизација против корона вирусот во иднина може да се прави двапати годишно.

-Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, кажа Тиодоровиќ.

Очекува во Србија да продолжи да се намалува бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид пропусници и дека ќе инсистира на тоа.

Во меѓувреме, Европа е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Ова доаѓа откако бројот на смртни случаи од минатата недела се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

СЗО ја информира јавноста дека бројот на смртни случаи од коронавирус насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа.

Најголем број нови случаи низ Европа е регистриран во Русија, Германија и Обединетото Кралство.

Во земјава, пак, вчера беа регистрирани 493 нови случаи на КОВИД-19, од направени 2.911 тестирања. Оздравени се 532 пациенти, а починале 17 лица.

Досега се направени 1.439.606 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 210.938. Бројот на оздравени пациенти е 195.157, а на починати 7.390. Во моментов активни се вкупно 8.391 случаи.
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ИСТРАЖУВАЧКА анкета

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 1 час

Шествековната црква во Леуново заштитена од ризик, жителите горди и благодарни

Македонијапред 5 часа

Ковачевски: Северна Македонија ќе има парламентарни избори во 2024 година

Македонијапред 6 часа

Запленети 12 килограми екстази со вредност од 200 илјади евра

Спортпред 7 часа

СП2022: Одбележани две години од смртта на Марадона

Македонијапред 8 часа

Новини во платежната сфера од 1 јануари

Македонијапред 9 часа

Конкурс за стипендии за редовни студенти Роми

Занимливостипред 11 часа

Најбараните имиња за бебе во светот за 2022 година

Здравје и убавинапред 1 ден

Ракот на простата најчесто заболување кај мажите, успешно може да се излекува со рано откривање

Гостиварпред 1 ден

Возило удрило во тротинет на улица во Гостивар, девојче е тешко повредено

Македонијапред 1 ден

Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар како што заслужува

Гостиварпред 1 ден

Приведени двајца гостиварци, противправно сe вселиле во станбен објект

Вестипред 1 ден

Во САД одобрен најскапиот лек во светот, еден третман 3,5 милиони долари

Здравје и убавинапред 1 ден

Некои болки во грбот укажуваат на сериозни проблеми со бубрезите

Здравје и убавинапред 2 недели

„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки

Македонијапред 2 недели

Празник посветен на Светите Козма и Дамјан

Гостиварпред 1 недела

Гостивар ќе има Центар за дијаспора, поддршка за иселениците и очекувања за инвестиции

Гостиварпред 3 дена

Приведен 20 годишник на патот Маврови Анови-Дебар, физички се пресметувал со брачен пар

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода

Гостиварпред 6 дена

Гостиварци со 3-то место на Младинското екипно првенство во шах

Гостиварпред 2 недели

Ева Дејановска од Гостивар првонаградена за поетска творба на Детските Рацинови средби

Гостиварпред 1 недела

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Гостиварпред 2 недели

Основците зад шаховска табла – Општински турнир во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Оглас за 3 вработувања во болницата во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

По триумфот на „Stage“, гостиварецот Анди патува на Светското првенство во танцување

Гостиварпред 2 недели

Ова се најдобрите ученици шахисти на општинскиот турнир во Гостивар

Што, како, каде?!пред 1 недела

„ЈК Травел“ и „СН финансии“ од сега достапни и во Гостивар

Спортпред 3 недели

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 4 недели

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 1 месец

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 2 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 2 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 3 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 3 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 3 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 4 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 5 месеци

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 6 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 6 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена