Македонија
Се ограничува продажбата на масло во маркетите

Министерството за економија ги извести трговците на мало да ја ограничат продажбата на сончогледово масло на мала количина единечни пакувања, односно да не дозволуваат купување на цели пакети.
„Ваквото ограничување се должи на значајниот пораст на купување масло од сончоглед од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка, како и странски купувачи со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. Со одлуката треба да се избегне непотребната појава на недостаток на сончогледово масло за јадење на полиците“, се вели во известувањето на Министерството.
Ограничувањето ќе трае до 31-ви мај. Дали и колку ќе се почитува, ќе контролира Пазарниот инспекторат.
Министерството ги замоли трговците, доколку купувач бара да купи поголеми количини масло за јадење да го известат инспекторатот.
Последниот период во повеќето маркети нема сончогледово масло на полиците.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022