Поврзи се со нас

Регион

Се реставрираат икони на Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана

Објавено

на

Се реставрираат икони изработени од познатиот македонски зограф, Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана.

Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј“, двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.

„Трите икони се дел од повеќето икони изработени од најпознатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се дел од фондот на Националниот историски музеј во Тирана. Стручни лица од Секторот за уметнички дела од Националниот институт за културно наследство ја продолжуваат работата за завршување на интервенциите на овие икони кои се непроценливо богатство“, стои во објавата на Институтот.

Според истиот извор повеќето од конзерваторско-реставраторските процеси се завршени, вклучувајќи дезинфекција, консолидација, чистење, а при крај е процесот на пополнување на празнините и сликовното интегрирање.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите икони и фреско-сликари на Балканот во 19-век.

Насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите, насекаде на македонска територија и повеќе држави во поширокиот регион.

Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите.

Дичо е роден 1819 година во Тресонче, област Мала Река, општина Маврово и Ростуше (некогаш дебарски регион), а починал во 1872 или 1873 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 2 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 3 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 4 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 15 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 17 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 21 час

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 22 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена