Вести Гостивар
Се слави празник во чест на Свети Наум Охридски-Чудотворец

Според календарот на Македонската православна црква денес е празник посветен на светецот Наум Охридски – Чудотворец. Тој е еден од првите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и најблизок соработник на Свети Климент Охридски. Одиграл важна улога во ширењето на православната вера меѓу словенските народи на Балканот на словенски јазик.
Десетина години пред смртта го основал манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.
Во неговото житие се вели дека чудата на Свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото. Бројни чуда се јавувале за време на неговиот земен живот, а посебно по неговата смрт преку неговиот дух, гробот и изворот од под карпите. За помош доаѓаат луѓе од сите краишта и од сите вери и народности. Бројни се примерите како се зачнал плод кај неродилки, како дете по две-три години заодело или прозборувало, откако неговите родители биле да му се помолат на Свети Наум.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер