Гостивар
Се вработуваат 200 образовани асистенти, дел и за училиштата во Гостивар

Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“ Скопје објави јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници – приправници – образовни асистенти на определено работно време во учебната 2023/2024 година, за работа со ученици со попречености.
Образованите асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта во општините: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани.
Како што е наведено во огласот предвидени се 140 асистенти во одделенска/предметна настава на македонски наставен јазик и 60 на албански наставен јазик.
Изборот на кандидатите го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар. Во постапката за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати задолжително треба да поминат обука пред почетокот на учебната година.
Деталите се наведени во огласот.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден