Гостивар
Седница на гостиварскиот совет: Напнатост, обвинувања, празни столчиња, па експресно гласање на 100 точки
Напната атмосфера, обвинувања за прекршувања на деловникот, па празни столчиња на опозицијата и експресно изгласување на стотина точки од дневниот ред. Вака накратко може да се опише текот на денешната седница на Советот на Општина Гостивар, прва откако Алијанса за Албанците го презеде советничкото мнозинство.
Kоординаторот на советничката група на ДУИ, Шптим Џелили излезе со осуда на, како што рече арогантното однесување на градоначалникот Арбен Таравари кон досегашниот претседател на Советот, Насир Муслиу и нагласи дека иако имало кршење на процедурите и правилата при изборот на новиот претседавач, нема да поднесуваат жалби. „Ова е со единствена цел, да не им се даде ни мала шанса да се жалат на опструкции“, изјави Џелили.
И Зоран Ангелов, координатор од СДСМ реагираше дека при изборот на нов претседател, во понеделникот, не биле испочитувани процедурите. „Јавноста треба да знае дека се прекршија сите закони овде во Советот на Општина Гостивар. Меѓутоа, се формира ново мнозинство, коешто од денес ќе ги сноси сите последици од работата на градоначалникот и на Советот. И честитам на новата коалција, којашто во градот веќе има име и ја нарекуваат 102,3%“, рече Ангелов.
( Своевремено пратеникот Амди Бајрам зборуваше за сигурна победа во Шуто Оризари од 102,3%.)
На оваа изјава Салиу кратко реплицираше од говорницата.
„Немам намера да навлегувам со никој од моите колеги во ваква дебата. Но, се обраќам и сакам да го искористам присуството на медиумите за Ромите во Гостивар, а и секаде низ државата да знаат кој е за ромската заедница, и да знаат какви навреди се употребуваат на говорницата на Советот“, рече Салиу.
Седницата продолжи со избор на нова комисија за верификација, мандатни прашања, избори и именувања, за чиј претседател беше избрана Њомза Шаќири од Алијанса за Албанците. Со реакција се јави советничката група на ДУИ, од каде потенцираа дека новото мнозинство работи спротивно на деловникот, според кој претседателот на оваа комисија треба да биде од редовите на најбројната советничка група, односно од нивната партија. По неколку реакции и реплики, како што веќе објавивме, советниците на ДУИ и на СДСМ ја напуштија седницата, како што рекоа во знак на револт поради непочитување на правилата.
Мнозинството потоа без дискусии и образложенија усвои стотина точки. Беа изгласани нови комисии за финансии, јавни дејности, односи меѓу заедниците, сообраќај, правни работи и други. Беа избрани нови Управни одбори на училишта, градинките, интернатот, Центарот за социјална работа, Здравствениот дом, како и на јавните претпријатија. Се донесоа одлуки од урбанизмот, образованието, буџетирањето и друго.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди