Гостивар
Секој од нас може да направи промена, порака од настан во Гостивар посветен на младите

„Промените почнуваат од мене и од тебе, од сите нас. Денеска со младите од Гостивар разговаравме за интегритетот и колку тој е важен ако сакаме да ги смениме работите во едно општество. Секој од нас, со нашето однесување може да направи промени. Тоа можеби ќе биде прво на микро ниво, во нашето семејство, кај нашите пријатели. Но само ако ја шириме пораката, ако покажеме пример како треба да се однесуваме, така ќе влијаеме на другите.“, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на денешната панел дискусија на тема „Што претставува интегритетот за еден млад човек?, што се одржа во Младинскиот ресурсен центар I Can во Гостивар.
На панел сесиите учествува координаторот на центарот, Азир Алиу, претставникот на младинска организација НМСМ, Мариана Ангелова и успешниот млад претприемач, творец на неколку иновативни бизнис идеи, Филип Костадиновски.
Настанот го организираше Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во соработка со УНДП.
Во рамки на посетата, вицепремиерката направи обиколка низ младинскиот центар и се запозна со можностите кои ги нуди.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022