Гостивар
Секојдневни контроли во Гостивар, се казнуваат возачи кои не даваат предност на пешаците

Полицијата на гостиварското подрачје периодов редовно врши акциски контроли врши колку возачите ги почитуваат обврските кон пешаците. Во контролата вчера (2 февруари) спроведена во Гостивар од 14 до 17 часот, откриени и санкционирани биле 4 возачи кои не им дале предност на пешаците. СВР соопшти дека на сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби. Во акциската контрола биле санкционирани и 3 други видови сообраќајни прекршоци.
Во Тетово пак биле казнети 15 возачи кои не пропуштале пешаци, а откриени иле 13 други прекршоци.
СВР Тетово нагласува дека ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и повторно апелира до возачите секогаш да им даваат првенство и да ги пропуштаат пешаците, а на пешаците,пак, им се советува да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и редовно да ја почитуваат постоечката хоризонтална и друга сообраќајна сигнализација. На тој начин возачите и пешаците непосредно ќе придонесат за поголема безбедност на патиштата и улиците на тетовско-гостиварското подрачје, велат од полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите