Гостивар
Семејни кластери на заразени со ковид во Гостивар, прославите го земаат данокот

Најголемиот дел од новите позитивни на коронавирус во Гостивар се од семејни кластери. По празниците и престојот на печалбарите во родниот крај, во Гостивар се смени ковид состојбата. Празничните собирања и прослави, одењето по гости, повторно го проширија вирусот. Според податоците од Институтот за јавно здравје во период од една недела во Гостивар се потврдени вкупно 96 нови ковид случаи. На инфективното одделение болнички се лекуваат три пациенти, информира раководителот д-р Ратко Наумоски.
„На инфективното одделение хоспитализирани се 3 пациенти, во средно-тешка здравствена состојба, стабилни, немаат потреба од кислородна поддршка. Претходниот ден имавме 5 пациенти, од кои едната пациентка беше потежок случај и ја препративме во Скопје, а друга пациентка се потпишала дека самоволно го напушта одделението и е на домашно лекување. Бројот на амбулантски случаи е доста зголемен. Новите случаи се најчесто фамилијарни кластери. Со прославите, многу луѓе се собираа на едно место, во затворено, и се заразувале меѓу себе. Претходните денови на пример имавме од 7 члена од една фамилија 4 позитивни, или од 6 члена од друга, 3 беа позитивни. Има и поединечни случаи, но повеќето се семејни кластери“, рече д-р Наумоски повторувајќи ги основните мерки на заштита со апел граѓаните да се придржуваат до нив, да се спречи натамошно ширење на вирусот: носење маска, избегнување собири, да се држи дистанца и лична хигиена.
Бројката на активно болни во регионот на Гостивар актуелно изнесува 107.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја