Македонија
Шаќири: Во фокусот на МОН се реформи за спречување на „одливот на мозоци“

„Одливот на мозоци“ стана тажен рефрен на Западен Балкан, каде многу млади ги негуваат своите соништа за живот и работа во странство, истакна министерот за образование, Јетон Шаќири на денешната тркалезна маса на тема „Враќање на мозокот во татковината“, организирана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Министерот потенцира дека „одливот на мозоци“ е глобален феномен, но кога ги погодува малите земји кои сè уште се во развој, последиците се повидливи и почувствителни во сите сегменти на општественото живеење.
– Морам да кажам дека во фокусот на Министерството за образование и наука е да креира реформски процеси со сериозно пристапување кон оваа појава, бидејќи преку изградба на квалитетен и перспективен образовен систем, поддршката на талентите и мерките за усогласување на профилите и образование за потребите на пазарот на труд придонесуваме за создавање на најдобри услови и стандард на живеење овде во нашата земја, рече министерот.
Потенцира дека треба почесто да се зборува за причините за останување во државава и начините за враќање на искусните кадри, со цел да се создаде попозитивна и понадежна клима за идните генерации.
– Кога на нешто му пристапуваме како проблем или како предизвик, треба да се обидеме да најдеме алтернативи за да понудиме решенија, подвлече Шаќири.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022