Гостивар
Шест дами пратенички од ИЕ 6 – од нив три се од Гостивар
Симулацијата на мандати, направена според првичните резултати од Државната изборна комисија, покажува дека во шестата изборна единица ќе има 6 жени пратенички.
Од Демократската унија за интеграција: Арта Билали Зендели и Вјолца Адеми, од Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива: Илирие Даути и Артина Ќазими, од Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, Фаница Николоска и од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Дафина Стојаноска.
Интересно е што Артина Ќазими, која е од Добридол, воедно ќе биде најмладиот член во новиот собраниски состав.
Три од новите пратенички се од Гостивар: Стојаноска, Адеми и Билали Зендели.
Се разбира промени во пратеничките места се можни по составувањето на Владата, со оглед дека некои од пратениците ќе станат министри.
Законите налагаат, откако ДИК ќе испрати конечен извештај до Собранието со комплетирани податоци, за најмногу 20 дена треба да се закаже конститутивна седница. Потоа, претседателот на државата во рок од 10 дена од конститутивната седница е должен да го определи мандатот за состав на новата Влада.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград