Поврзи се со нас

Забава

Што е Нова година и како се прославува низ светот

Објавено

на

    Нова година се слави во сите краеви на светот речиси 4000 години. Научниците сметаат дека древните Вавилонци во областа на некогашна Месопотамија, први почнале да ја одбележуваат Новата година. Таа се славела како повторно раѓање на се во природата и било логично тоа да е на почетокот на пролетта кога се оживува. Се смета дека Вавилонците го славеле доаѓањето на Новата година дури 11 дена. И старите Египќани исто така го прославувале доаѓањето на Новата година. Во почетокот тоа било кон крајот на септември, во време кога Нил го поплавувал својот брег. Тоа било за Египќаните најважен ден во годината и означувал расцветување на растителниот свет, а со самото тоа и повеќе храна.

    Нова година е ден што го означува времето на почетокот на нова календарска година. Година пак, е временски период за кој Земјата врши една потполна револуција (кружење) околу Сонцето и изнесува 365 дена 5 часа, 48 минути и 46 секунди или приближно 365,25 дена. Таканаречената „Граѓанска година“ која се користи во светот, од практични причини е заокружена на 365 дена, а остатокот од 6-те часа се „собира“ во текот на 4 години кога се додава како ден повеќе на месецот февруари (тогаш е престапна година).

    Според грегоријанскиот календар кој денес се смета за „официјален“ светски календар, Новата година е на 1-ви јануари. Тоа, како традиција останало од стариот Римски календар поставен пред околу 2700 години, по кој е и редоследот на месеците како што го знаеме денес (јануари-декември). Прославувањето на Новата година е еден од најстарите обичаи. Новата година веројатно први почнале да ја слават древните Кинези или пак, старите Германи или Римјани.

    По освојувањето на Европа, Римјаните Новата година ја славеле како симбол на почетокот на новиот живот и новите надежи за иднината. Тој обичај и значење се задржале до денешен ден. Во Средниот век, во разни подрачја на светот, Новата година започнувала на различни датуми: на 1-ви март, 25-ти март, 1-ви септември, 25-ти декември и др. Така, во Англија и Велс, до 1751 година, Новата година започнувала на 25-ти март, а од тогаш е прифатен датумот 1-ви јануари. Русите пак, некаде до X-тиот век, Новата година ја дочекувале и славеле на први март, како датум на пристигнување на пролетта. Празнувале во честа на Сонцето, а нивните обреди имале магиско значење. Во Јулијанскиот календар кој уште го применуваат некои цркви (Руската, Српската, Македонската), Новата година започнува на 13-ти јануари, од причина што овој календар доцни 13 дена зад новиот, Грегоријански календар. Кај нас датумот 13-ти јануари е познат уште како Стара Нова година (Нова година по стариот календар), православна Нова година (иако и многу православни цркви го прифатија и го употребуваат Грегоријанскиот календар) или под други називи. Како и да е, добрите познавачи на митологијата велат дека Новата година симболизира регенерација на космосот, копнеж за обновување и почеток на новото.

    Иако денес 1 јануари е прифатен за почеток на Новата година, многу народи низ светот задржале традиционално да го прославуваат овој празник во различни времиња, па така Кина, држава со најголем број на жители почетокот на годината го прославува во време на младата Месечина. Според движењето на Месечината почетокот на годината го сметаат покрај Кинезите и Јапонците, Индијците, Виетнамците и уште некои други народи, а останатите го сметаат според Грегоријанскиот календар меѓу 31 декември и 1 јануари.

    Одбележувањето и украсувањето во чест на Новата година, не било отсекогаш онакво какво што го знаеме денес. Во многу христијански земји, некаде пред околу два века, новогодишното дрво (елка) почнало да се кити со ѕвезда на врвот, светкави украси, венци, снег, а нешто подоцна како симбол се јавил и Дедо Мраз. Новогодишното дрво е симбол на древниот свет и претставува „космичко дрво“ кое покажува кон небото (вселената). Ѕвездата на врвот се поставува поради верувањата дека секој човек има своја ѕвезда која се појавува на небото во моментот на неговото раѓање и ја претставува неговата среќа. Подароците пак, се израз на желбата за благосостојба, па оттука украсувањето на домот, како и поставувањето на богати, свечени трпези. Инаку, поради Земјината ротација од запад кон исток како и поделбата на часовни зони, Новата година не пристигнува едновремено на целата Земјина топка. Првин започнува на островот Каролина (Република Кирибати), кој е речиси на самата Меѓународна датумска граница на Пацификот (всушност сосема малку позападно од датумската граница). Потоа доаѓа во Нов Зеланд, па во Австралија, во делови на Источна Азија, потоа во Централна и во Западна Азија. По десетина часа, Новата година ќе дојде во Европа, Африка, а уште 5-6 часа подоцна и во Америка. По речиси 24 часа откако настапила на островот Каролина, Новата година доаѓа и до последните места на Земјата-неколку групи острови сосема малку поисточно од датумската граница.

    Инаку, Нова година низ светот се слави на различни и понекогаш за нас сосема необични начини.

    Така, во Шпанија секое место си има своја прослава, а главна е прославата во Мадрид со голем огномет на полноќ. Во оваа држава, Новата година се дочекува со јадење на зрна грозје за секое отчукување на часовникот (вкупно 12).

    Жителите на Данска, Новата година ја прославуваат со кршење на чинии и други садови кои ги собираат цела година за таа намена. Во новогодишната ноќ одат по куќите на своите пријатели и оставаат од скршените садови. Оној кој има најголем крш пред врата има и највеќе пријатели.
    Во Јапонија овој празник се слави со свечена трпеза, а куќите се украсуваат со борови и бамбусови гранчиња. На полноќ доаѓањето на Новата година се огласува со 108 удари на звона од будистичките храмови, кои ги симболизираат 108-те можни гревови на човекот.

    За Кинезите Нова година е празник кој вообичаено е меѓу 20 јануари и 19 февруари и трае цел еден месец. Тоа е најголем народен празник во чиј пресрет се чистат становите и куќите како симболика да се исчисти од домовите се што е старо, а на улиците се организираат прослави со огромни, најчесто црвени змејови од хартија како симболи на успех и моќ. Во Кина за Нова година се јадат мекици во вид на грутка што симболизира грутка злато и богатство.
    Темпераментните Јужноамериканци, старата година ја испраќаат со огaн. Во Јужна Америка пред куќата обесуваат страшило облечено во стари алишта наполнето со стари весници и петарди и го палат. Горејќи го страшилото го горат сето она што било лошо во претходната година.

    Норвежаните за новогодишната ноќ готват ориз во кој ставаат еден бадем. Оној што ќе го пронајде бадемот ќе биде многу среќен во Новата година.
    Австралија и нејзиниот град Сиднеј ја дочекуваат Новата година на сонце и без снег. Повеќе од милион туристи од целиот свет и околу 300.000 жители на Сиднеј, уживаат во топлата новогодишна ноќ гледајќи го онометот, кој велат може да се види на оддалеченост од 16 км.
    Франција е првата земја во Европа која почнала да го прославува пречекот на Новата година во 1563 година.

    Во Индија дочекот на Новата година се вика Diwali – фестивал на светлината. Се слави три дена кон крајот на октомври или почетокот на ноември и секој град и село се украсени со сјајни светликави украси. Сè сјае и светка, а се украсуваат дури и животните. На новогодишното утро децата ги држат очите затворени и ги чекаат подароците. Diwali е и религиозен хинду празник, па затоа се носи цвеќе и овошје во храмовите.

    Египќаните Нова година ја слават како национален празник. Иако се знае кога почнува Новата година, сепак се чека да излезе младата месечина пред официјално да се објави нејзиното доаѓање. Набљудувањето на месечината се врши во Мухамед Али џамијата која се наоѓа на врв на ридот над Каиро. Пораката се проследува до големиот муфтија и тој го прогласува доаѓањето на Новата година.

    Како се слави во Ирак? Се слави на 21 март. Неколку дена пред Нова година Ирачаните ставаат зрна од пченица или јачмен да про’ртат. Никулците се симбол на нов живот. Се месат лепчиња за подарување, а по улиците се слуша дајре, труба и тапани.
    Иранците ја слават Новата година на првиот ден од пролетта со про’ртен јачмен и пченица, а на трпезата има ситни парички, вапцани јајца и Куран во убав аранжман. Се прават 7 јадења што почнуваат на буквата „С“.

    Во соработка со Е наука

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Огласи за вработување:

    АНКЕТА

    По кој модел на настава треба да започне второто полугодие во училиштата?

    Резултати од анкетата

    Advertisement
    Advertisement
    D’Reamers
    Гостиварпред 3 часа

    „Да исчезне се“ нова песна и спот на D’Reamers

    Македонијапред 3 часа

    Официјално: Од 1 февруари децата се враќаат во училишните клупи

    Македонијапред 3 часа

    Донесена одлука за кратење на изолацијата, еве ги новите правила

    Технологијапред 4 часа

    Следниот Wi-Fi може да биде четири пати побрз

    Македонијапред 5 часа

    Секој трет од тестираните позитивен, нови 2019 случаи на ковид во земјава

    Македонијапред 7 часа

    Второ полугодие да почне со физичко присуство, препорача Комисијата за заразни болести

    Гостиварпред 8 часа

    Долга листа од над 9.500 невработени во Гостивар

    Македонијапред 8 часа

    До крајот на неделава одлука за наставата во второто полугодие

    Гостиварпред 9 часа

    Наредните денови раст на температурите, во сабота северен ветер и снег

    Гостиварпред 9 часа

    Чегранец пријавил дека бил нападнат од својот брат

    Македонијапред 10 часа

    Македонската армија рангираната на 134 место од 140 земји во светот

    Гостиварпред 11 часа

    Паднал и тешко се повредил при скијање во Маврово

    Вестипред 11 часа

    Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

    Македонијапред 2 недели

    Дали ќе се продолжи зимскиот распуст и по кој модел ќе почне второ полугодие?

    Гостиварпред 1 недела

    Виктор Угриноски го извади светиот крст од Вардар на Водици во Гостивар

    Вестипред 2 недели

    Вечерва е Православна Нова година (Стара Нова), утре се празнува Василица

    Гостиварпред 1 недела

    Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

    Гостиварпред 2 недели

    Сучење на врвката за градскиот крст за Водици во Гостивар

    Гостиварпред 5 дена

    Оглас за доделување на социјалните станови во Гостивар наскоро, најавуваат надлежните

    Гостиварпред 2 недели

    Гостивар: Приведени две девојки, го нарушиле јавниот ред и мир

    Гостиварпред 5 дена

    Компанијата „ALMERO MATTRESS“ од Гостивар добитник на престижна награда од Индустриска Комора на Тирана (CCIT)

    Гостиварпред 1 недела

    Општина Гостивар објави оглас за финансирање на проекти

    Вестипред 1 недела

    Православен празник Водокрст (Водопост)

    Гостиварпред 2 недели

    Под истрага 52 годишник од Гостивар фатен со 4,5 кг. хероин

    Занимливостипред 6 дена

    НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА: Душата постои и таа е бесмртна

    Гостиварпред 1 недела

    Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2022 (Галерија)

    Гостиварпред 1 недела

    Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2022 (Галерија)

    Гостиварпред 3 недели

    Бадникова поворка 2022, Гостивар ја продолжи традицијата за Бадник

    Македонијапред 1 месец

    Убавините на пештерата Шаркова Дупка во Маврово (Фото)

    Локални избори 2021пред 4 месеци

    Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

    Спортпред 5 месеци

    КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

    Спортпред 8 месеци

    ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

    Гостиварпред 8 месеци

    Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

    Гостиварпред 8 месеци

    Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

    Гостиварпред 9 месеци

    Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

    Гостиварпред 9 месеци

    Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

    Гостиварпред 12 месеци

    На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

    Гостиварпред 1 година

    Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена