Поврзи се со нас

Вести

Што пишува во официјалниот извешај за хеморагичната треска во Симница?

Објавено

на

 

Институтот за јавно здравје го објави месечниот извештај за заразните заболувања во Македонија за јули. Во него се наведени и податоци за појавата на хеморагична треска во гостиварското село Симница, од кое заболување двајца жители починаа. Извештајот содржи информации за заболените пациенти, преземените мерки и слично, но нема податок како, односно преку што дошло до заразата.

Го пренесуваме напишаното: „На 28.07.2017 година, Центарот за јавно здравје Тетово/Подрачна Единица Гостивар пријави епидемија на хеморагична треска со бубрежен синдром, предизвикана од Ханта вирус. Епидемијата е регистрирана на територија на село Симница, Гостиварско со три заболени лица од кои две лица се починати и 7 сомнителни лица, сите хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Епидемиолошката анкета укажува дека сите заболени лица работеле како овчари на исто бачило над месноста Стража. ЦЈЗ Тетово и ПЕ Гостивар во соработка со ИЈЗ и Државниот санитарен инспекторат извршија санитарно-хигиенски и епидемиолошки увиди и во селото Симница и во бачилото. При увидот се препорачани и превземени соодветни мерки: дератизација и дезинфекција во селото, бачилото и нивната околина, едукација на вработените во бачилото за превентивните мерки за заштита. Дополнително при увидот наложено е да се спроведат и други санитарно хигиенски мерки поврзани со консумирање на безбедна вода и соодветно отстранување на отпадот. Исто така изготвени се и поделени информативни материјали за здравствени работници и за население, а истите се поставени на веб страната на ИЈЗ“.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена