Здравје и убавина
Што значи кога жената замолчува…

Општ впечаток е дека жените сакаат многу да зборуваат и дека ретко молчат. Покомуникативни се од мажите, сакаат да ги споделуваат искуствата и доживувањата, да раскажуваат секојдневни приказни. Сепак, и жените имаат свои периоди на молчење.
Што значи кога жената замолчува?
Го чува своето достоинство
Најлесно е да се одврзе јазикот и во афект да се ослесни душата со навреди и викање. Но, ако жената молчи кога е навредена или бесна, тоа значи дека го чува своето достоинство.
Преживува болка
Без оглед дали е физичка или психичка болка, жената сака да ја помине и преброди на свој начин. Во мир и во тишина со своите мисли.
Сака сама да се избори со нешто
Во минатото, жените обично се советувале со партнерите, пријателките, роднините за сешто. Во денешно време, кога жената има некој предизвик пред себе, се затвора и дистанцира од сите и се обидува сама да изнајде решение.
Од се` и е преку глава
Доаѓаат периоди кога на жената и се смачува од се`. Тогаш сака да се тргне настрана, да собере сила во молк и да прокопа по својот ум и душа, како и што понатаму.
Презафатена е
Може да се случи жената да не зборува, за да биде поконцентрирана и поефикасна во работата.
Се штеди себе си
Наместо да се расправа и докажува кој е во право, жената едноставно одлучува да се осами и да замолчи. Се штеди себе си од непотребна нервоза.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош