Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 14/01/2019 | 15:21

Швајцарска фирма донираше нови униформи за гостиварските пожарникари

Противпожарната единица, јавните претпријатија, вработени во интернатот и чуварските служби во општина Гостивар ќе добијат нови работни униформи, донација од швајцарска компанија. Донацијата се состои од вкупно 300 униформи, а првите 50 беа поделени денес за пожарникарите. По тој повод, градоначалникот Арбен Таравари во својот кабинет прими претставници на фирмата која ја обезбеди донацијата.

„Им благодарам на Роланд, Јетмир и Баки, како и на компанијата Eagle за оваа многу значајна доанција. Униформите за сите вработени се исти, а ќе се разликуваат само по бојата. Инаку, се работи за реномирана компанија за производство на униформи, која исто така произведува дресеви за многу фудбалски клубови кои се натпреваруваат во европските лиги.“, изјави градоначалникот.

За Противпожарната единица новите униформи се добредојдени, но не ги решаваат сите проблеми. Службата има потреба од дополнителен број пожарникари како и од подобрување на условите во објектот кадешто се сместени.

„Зградата сите знаеме во каква состојба е, ние направивме мало реновирање, а за годинава планираме да поставиме и централно греење. Инаку, противпожарната единица има 40 вработени, а според сите правила и закони за Гостивар потребни се 80“, рече Таравари.

Во знак на благодарност за донацијата, градоначалникот му врачи симболичен подарок на претставникот на фирмата, Баки Сулејмани.

Напишете коментар