Вести
Шведска го гради првиот електричен пат во светот – возилата ќе се полнат додека возат

Откако Европската Унија минатиот месец усвои историски закон со кој се бара до 2035 година сите нови продадени автомобили да имаат нулта емисија јаглерод диоксид, европските земји брзаат да ја подготват инфраструктурата за мобилност без фосилни горива.
Шведска ги претвора автопатите во постојан електрифициран пат – прв од ваков вид во светот.
На електричниот пат автомобилите и камионите може да се полнат додека се возат.
Експертите велат дека динамичното полнење им овозможува да поминуваат подолги растојанија со помали батерии и да избегнат чекање на станиците за полнење.
Оваа скандинавска земја прва воведе електрифицирани патишта преку неколку пилот-проекти, вклучувајќи го и првиот привремен електричен пат во светот.
– Сметаме дека решението за електрификација е патот за декарбонизација на транспортниот сектор и работиме на голем број решенија – изјави Јан Петерсон, директор за стратешки развој во „Трафикверкет“.
Избраниот пат, европската маршута Е 20, ги поврзува логистичките центри меѓу Халсберг и Орберо, лоцирани во центарот на трите главни града во земјата, Стокхолм, Гетеборг и Малме.
Изградбата треба да заврши за две години. Начинот на полнење за Е 20 не е наведен, но постојат три типа на полнење: систем на синџир, индуктивен систем и подводен систем.
Во соработка со Е наука
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение