Поврзи се со нас

Македонија

Шверц комерц! Царина „улови“ 28.000 евра, над 200 штеки цигари, играчки, автоделови…

Објавено

на

    Цариската управа информираше дека во текот на изминатите две недели, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење на разна стока и девизи.

    20.000 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на двајца српски државјани, кои со српски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. 8.550 евра, биле откриени при контрола на украински автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица се пријавиле тројца украински државјани.

    137 штеки цигари марка Camel Blue со македонски акцизни маркички, биле откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на рачниот багаж на државјанин на Латвија, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. 76 штеки цигари марка PALL MALL и Chesterfield со македонски акцизни маркички, биле откриени при контрола на албански камион управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

    134 употребувани и нови автоделови за патнички возила марка VW Golf (ламели, летви, клапни за карбуратори, пумпи за гориво, шепи за кочници, инструмент табли и турбини), биле откриени при контрола на германски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани.

    Царинарниците откриле и обид за криумчарење на играчки, облека, бижутерија, делови за мобилни телефони, велосипеди

    Од страна на мобилните царински тимови во  пет одвоени случаи биле откриени 813 парчиња облека, 22 пара обувки, 415 детски играчки, 150 пара очила за сонце,  80 батерии и 6 велосипеди.

    460 парчиња бижутерија (прстени, обетки, алки, синџирчиња и шноли), 229 делови за мобилни телефони (заштитни стакла, футроли, слушалки и полначи), 195 пара очила за сонце и 36 приврзоци за клучеви, биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

    203.000 парчиња семиња за земјоделски култури (домати, зелка, карфиол, брокула, морков и диња) со вкупна проценета вредност од околу 324 илјади денари, биле откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

    200 парчиња катетери марка Coloplast, биле откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при рентгенска контрола на багажот на хрватски државјанин, кој допатувал со лет од Загреб.

    Мобилните царински тимови, во два одвоени случаи, при контрола на две комбиња пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, откриле  специјално конструиран бункер и една бугарска патна исправа за која постои сомневање дека е фалсификувана.

    Во првиот случај, при контрола на товарно комбе со фински регистарски таблички, управувано од државјанин на Ирак, позади кабината во товарниот дел бил откриен влез во специјално конструиран бункер поврзан со кровниот дел на комбето.  Комбето е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

    Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин, патник во  македонско патничко комбе, во неговата рачна торбичка била пронајдена бугарска патна исправа на сосема друго име, издадена од МВР Софија, од која биле искинати неколку страници. Поради сомневање дека се работи за фалсификувана патна исправа, случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, соопшти Царинската управа..

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена