Поврзи се со нас

Претседателски избори 2024

Силјановска-Давкова: Претседателот мора да се однесува натпартиски и да обединува

Објавено

на

Изборите се пред нас, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери во овие четири години вредно работеа и докажаа дека се единствена можна европска алтернатива. Изборите ќе го означат новото време. Ако со реформи покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме, тогаш ќе имаме самопочит – таа е важна, ама ако не е заслужена нема да не почитуваат. Така ќе станеме вистински Европејци.

Со оваа порака кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката од Правниот факултет на УКИМ Гордана Силјановска-Давкова, го заврши излагањето на конвенцијата на која опозициската партија ја претставува нејзината кандидатура за Претседателските избори.

На Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”, која попладнево се одржува во Филхармонијата во Скопје, присутни се 453 од вкупно 476 делегати, кои тајно ќе гласаат, по што во 16 часот ќе продолжи конвенцијата.

Силјановска-Давкова е единствен кандидат за претседателска функција на објавениот повик на ВМРО-ДПМНЕ и, според констатацијата на Верификационата комисија, нејзината кандидатура ги исполнува условите и таа има поднесено план и програма за работа.

Во своето излагање Силјановска-Давкова рече дека Македонија ја доживува како „преумна, храбра, образовна, културна жена“.

Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката,  но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста, рече Силјановска-Давкова.

Во своето излагање зборуваше за Уставот како највисок акт, за ингеренциите што треба да ги има претседателот на државата и што смета дека треба да направи идниот претседател.

Прво треба да состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за  да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме, зашто тоа е единствен пат, истакна Силјановска-Давкова.

Порача дека нам ни треба скандинавизација во однесувањето,  индивидуални  слободи и права без кои, рече, нема демократија, пошироки надлежности на Уставниот суд, гарантирање на неотуѓивост на природни богатства и на водите, по примерот на Исланд и Словенија, да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуштање под определени околности, да се отстрани прагот од 40 проценти во вториот круг на претседателските избори, да се среди делот за мандатарот за нова влада, зашто, рече, имаме проблеми, воената и вонредна состојба, прецизирање на надлежностите на Претседателот особено  помилувањата…

Рече дека кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, но таа не е за силни надлежности и силни претседатели затоа што „во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 недели

Објавени добитниците на ваучери за инвертери

Македонијапред 5 дена

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиарскипред 4 недели

Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 недели

Голем свечен ден во Чајле, осветен и поставен крстот на црквата „Свети Атанасиј Велики“

Гостиварпред 2 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Вестипред 2 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Гостиварпред 3 недели

14 годишно девојче од Гостивар пронајдено кај битолчанец, пријавено е дека имал интимен однос со неа

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 2 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 8 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 12 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 12 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена