Поврзи се со нас

Гостивар

Синдикатите револтирани за одлуката на Уставен за Договорот со „Бехтел и Енка“

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија реагираат на одлуката на Уставен суд да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи поврзани со работните часови, а во врска со Договорот со „Бехтел и Енка“.

„Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија и целокупното работничко движење во Македонија се крајно разочарани и револтирани после информациите дека Уставниот суд не повел постапка за утврдување на Уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој се дозволи да се работи 72 часовна работна недела или со кој се дозволи работниците во Македонија да работат 12 часа дневно, или 32 часа подолго од полното неделно работно време од 40 часови“, стои во нивното соопштение.

Оттаму велат дека работниците во Македонија, најостро го осудуваат денешниот чин со кој, според нив, се забетонирале работничките права, особено правото на пристојно работно време и достоинствената работа.

„Но очигледно дека во Македонија одамна нема достоинство и пристојност, а владеењето на правото е исклучиво право на бизнисот и богатите наспроти работниците и сиромашните. Денешната Одлука на Уставниот суд е печат на модерно ропство како краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, односно од странци дојдени да ги експлоатираат Македонските работници, нешто што се случувало од колонизаторите во минатиот век, а се случува и денес во срцето на Европската унија во 2024 година“, дополнуваат тие.

Одлуката следува по предметот кој беше оформен по иницијативите на политичката партија Левица, Хелсиншки комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, а во врска работните часови поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“.

Како што информираше на денешната прес-конференцијапортпаролката на Уставен, Христина Беловска, не се прифатени наводите во иницијативите на подносителите, бидејќи, како што рече, Судот не најде неуставност во одредбите, кои, меѓу другото, уредуваат и прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 9 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 20 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 20 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена