Поврзи се со нас

Вести

Сите пријави на 192 од вчера стигнуваат во новиот полициски Центар за известување и координирање

Објавено

на

 

Секторот за внатрешни работи Тетово новата година ја стартуваше со формирање на Центар за известување и координирање, каде се примаат сите пријави од граѓаните од полошкиот регион за  безбедносни настани и појави.

„Граѓаните можат да го добијат Центарот 24 часа, нон-стоп, со бирање на бесплатниот телефонски број 192, по што пријавата се проследува до полициската станица или одделение на чие подрачје е случен настанот што се пријавува. И не само тоа, туку и од почеток до крај се коодинираат сите потребни и преземени мерки и активности кои се однесуваат на пријавениот настан. На овој начин граѓаните, каде и да се наоѓаат на тетовско-гостиварското подрачје, во Центарот можат да пријават настан и да не губат време, што е мошне значајно во одредени ситуации, во кои неретко  одлучуваат минути, па дури и секунди“, соопштија од СВР Тетово потенцирајќи дека отворањето на новиот Центар не значи дека пријави нема да се примаат како и до сега и во Полициските станици.

Надлежните сметаат дека новоформираниот Центар за известување и координирање на ќе  придонесе за брзо и ефикасно примање на пријавите од граѓаните и за нивно практично, професионално расветлување.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена