Гостивар
Скоро третина од хоспитализираните со ковид во Гостивар се на кислородна поддршка
На инфективното одделение и во модуларната болница во Гостивар моментално се лекуваат 36 пациенти со ковид, а 13 од нив добиваат кислородна поддршка. Еден пациент кој бил на болничко лекување, утрово починал.
„На инфективното одделение денес имаме 17 пациенти, а во модуларната болница 19, што значи вкупно 36. На кислородна поддршка се 13 пациенти. Во модуларната болница хоспитализираме болни кои имаат полесна клиничка слика и немаат потреба од кислород. Но, доколку состојбата им се влоши, се јави потреба, се префрлаат на инфективно, каде се ставаат на кислородна поддршка. Планираме од утре потешките пациенти кои се на кислород да се префрлуваат на интерното и нервното одделение каде има централен кислороден довод, додека тука се работи на поставување на централниот кислород, со што секако условите ќе бидат подобри. Можам да кажам дека состојбата со коронавирусот е сериозна, има голем број нови болни, се јавува потешка клиничка слика. Меѓу заболените има и многу млади, од 35 до 45 години“, информира Ратко Наумоски, раководител на инфективно одделение во Гостивар.
Од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион до сега со корона се дијагностицирани скоро 4.500 лица. Моменталниот број на активно болни е 453.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ