Поврзи се со нас

Македонија

Со „плата во плико“ неизвесна ќе биде егзистенцијата на работниците, вели Претседателот на ССМ

Објавено

на

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија.

Според Трендафилов, поразително е да се предлага закон со кој ќе се елиминира Законот за работни односи. Со ваквото законско решение, како што посочи, работниците стануваат модерни робови на кои ќе им се плаќаат придонеси од околу 290 денари дневно, а работодавачот ќе ги ангажира и отпушта кога сака.

Недозволиво е во Македонија во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија. Зошто? Заради тоа што сакаме се што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи. Поразително е да давате изјави и да кажувате дека ваквото законско решение ќе се рашири опфатот на сите други работни места, односно на сите други дејности, изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За Сојузот на синдикати е недозволиво дополнително да се усложнуваат работите во услови кога работодавачите одбиваат да издадат дури и решение за секое користење на годишен одмор на работниците.

Сакаат да дадат едно решение годишно, а сега ќе ги вработуваат на дневна основа. Патем тие работници нема да имаат договор за вработување, немаат да знаат што со нивната егзистенција, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција за нивното семејство. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како е, изјави Трендафилов.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 4 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 8 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 10 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 12 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 13 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 14 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 15 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена