Гостивар
„Сончогледи и сонца за невидлива попреченост“ во Гостивар во сабота на градскиот плоштад

Светскиот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември во Гостивар ќе се одбележи со интересен и благороден настан. На градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се спроведе активност „Сончогледи и сонца за невидлива попреченост“. На лицата со попречености и на родителите ќе им се делат ленти со сончогледи и сонца, за да бидат повидливи за околината, и на таков начин да им се помогне да добијат приоритет и поддршка при обавување на секојдневни обврски. Носењето на лентата, треба да помогне граѓаните и институциите да се сензибилизираат и да им дадат предност, да не чекаат во редици пред шалтер, во продавница, пред банки итн.
Настанот го организира Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби во соработка со општината и здружението на гостиварката Билјана Беловинова, When in Trouble.
„Поводот е 3 декември, Денот на лицата со посебни потреби, но видовме дека временските прилики утре нема да бидат добри за настан на отворено, па одлучивме да го направиме во сабота. Идејата ни е да даваме на лицата со попреченост траки со сончогледи и сонца, тоа е со цел да бидат препознаени од институциите, на пример суд, општина, банка и слично, кога одат таму да им се даде предност и поддршка да завршат работа, доколку има гужва да не‘ чекаат. На пример, лицата кои се глуви, не се забележуваат оддалеку дека имаат попреченост, но кога ќе ја носат траката, ќе се знае дека треба да им се даде предност“, вели Маргарита Милошеска, од Ресурсниот Центар.
Освен тоа, на плоштадот децата со попречености на минувачите ќе им подаруваат каранфили со позитивни пораки.
„Со подарување на каранфилите сакаме дечињатата да се почувствуваат дека се дел од општеството, дека се важни во заедницата. Пораките што ќе ги осмислиме ќе бидат со позитивна и мотивирачка содржина“, вели Милошеска.
Организаторите упатуваат покана до лицата со посебни потреби, нивните семејства и до граѓаните да бидат дел од настанот во сабота.
Ресурсниот центар функционира како сервисна служба на родителите на деца со посебни потреби. Бесплатно им обезбедува психолошка поддршка, правна помош и други услуги коишто им се потребни во врска со остварувања институционални права. Центарот неодамна отвори своја подружница и во Гостивар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022