Поврзи се со нас

Занимливости

Сончогледот – Природно математичко чудо

Објавено

на

Сончогледите (Helianthus annuus) се прекрасни иконични цвеќиња, популарни во многу култури кои се менувале низ историјата – и се знае дека биле одгледувани на подрачјето на САД дури и пред 5000 години!

Сончогледите ги следат бројни митови, а најпопуларен е оној за вртењето кон Сонцето. Точно дека младите цветови навистина се свртуваат, додека созреаните сепак остануваат фиксирани во една позиција, претежно свртени кон исток.

Повеќето од нас сакаат да го грицкаат семето што го произведува ова растение. Но, дали некогаш сте се загледале во нивниот центар? Сончогледите не се само убав цвет или вкусна храна – тие се исто така вистинско математичко чудо.

Семето во сончогледот строго ја следи низата Фибоначи, или 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144… Ако сте го „преспале“ овој час по математика, секој број во низата е збир на претходните два броја. Спиралите што ги гледате во центарот се генерираат според оваа низа, а две серии кривини се развиваат во спротивни насоки – почнувајќи од центарот и завршувајќи на ливчињата.

Секое семе мора да биде под прецизен агол на соседното семе – така што сите заедно успешно можат да создадат совршена спирала. Соодветниот агол или златен агол во сонлогледот е 137.508 степени. Ако овој агол се смени дури и за една десетина од степенот, совршената структура на семето ќе биде целосно нарушена.

Алан Туринг, британски математичар, логичар и криптограф, кој се смета за татко на современите компјутери, прв ја воведе идејата за сончогледите и низата Фибоначи и сугерираше дека со проучување на сончогледите можеме подобро да разбереме како растат сите растенија. Предвремената смрт (1945) ја прекина неговата понатамошна студија и хипотезата која конечно беше ставена на тест околу 60 години подоцна, во еден од низа проекти со кои се одбележа стогодишнината од неговото раѓање.

Проектот, започнат во март 2012 година, имаше за цел да ја потврди оваа појава и да се обиде да ја претстави најголемата студија за математички модели на сончогледи. Ангажирајќи луѓе ширум светот, вклучително и многу студенти, да одгледуваат сончогледи и да собираат податоци од примероци, вклучувајќи го и бројот на спирали што се развиваат во насока на стрелките на часовникот и обратно.

Резултатите од проектот беа објавени во октомври (2012 година) во Манчестер. Комбинираната статистика, која се состои од проучување на 557 цветови од сончоглед, заклучи дека осум од десет цветови математички совршено ја следат низата Фибоначи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена