Поврзи се со нас

Гостивар

Сообраќајците во Гостивар „изгореа“ скоро 400 пешаци и 117 возачи од јануари до октомври

Објавено

на

Во изминатите десет месеци од годинава на подрачјето на СВР Тетово вкупно се изречени 908 мерки за недавање предност, односно за непропуштање на пешаци, најчесто на обележани пешачки премини или на други места. Од нив на тетовско подрачје 791, а на гостиварско 117.

На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од видот и карактерот на прекршокот ќе се соочат со парични глоби од 150 до 250 евра во денарска противвредност, извести полицијата.

Во истиот период мерки им биле изречени и на 775 пешаци (Тетово-377 и Гостивар-398), претежно за преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини или за непочитување на светлосна сообраќајна сигнализација.

И ним им се изготвени поднесоци, а паричните глоби за ваквите прекршоци предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се движат од 30 до 50 евра во денарска противвредност, со напомена дека дел од пешаците биле повикани и на таканаречена сообраќајна поука.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите секогаш и секаде да им даваат првенство на пешаците, а тие,пак, да се придржуваат на сообраќајните правила и прописи и да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, но и да не се движат по коловоз. На тој начин и едните и другите ќе придонесат за поголема безбедност на пешаците и за намалување на бројот на сообраќајни несреќи со повредени или загинати.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена