Поврзи се со нас

Гостивар

Сопственикот на Дурмо Турс и возачот на автобусот од затворски одат во домашен притвор

Објавено

на

Судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд деновиве донел одлука, сопственикот на „Дурмо Турс“ и возачот на автобусот во несреќата кај Ласкарци, од затворски да одат во домашен притвор. Како што јавува 1ТВ на ваквото решение скопското обвинителство поднело жалба, во која е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки.

Телевизијата пренесува став на кривичниот суд во кој стои дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.

Обвинителството претходно бараше да им биде продолжен притворот на тројцата осомничени, сопственикот, возачот и раководителот на компанијата, како и куќниот притвор на уште тројца осомничени. За седмиот осомничен беа побарани и определни мерки за претпазливост.

Кобната несреќа се случи на 13 февруари годинава, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија и се преврте. Несреќата однесе 16 жртви и над 30 повредени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена