Гостивар
Состанок на полицијата и ловечките друштва во Гостивар

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Отсек за превенција изминатиов викенд (10 и 11 септември) ги заокружија планираните превентивно-информативни активности со ловечките друштва од поширокото полошко подрачје.
„Се одржаа работни средби со претставници на гостиварските ловечки друштва „Кучибаба“ и „Муфлон“, на кои мошне конструктивно се расправаше за законските обврски на друштвата и нивните членови во текот на штотуку започната нова ловечна сезона, пред се кога станува збор за почитување на пропишаните критериуми, норми и стандарди кои произлегуваат од Законот за лов и Законот за оружје. При тоа, на претставниците посебно им беше укажано на потребата од доследно почитување на соодветната законска регулатива, додека тие од полициските службеници побараа почести проверки на ловџиите -кога и со чие оружје излегуваат на лов, со сопственото или со позајмено од други лица. Се побара, исто така, да се изнајде практична можност повремено да се проверува техничката исправност на оружјето, како и решение за наследено ловечко оружје од починат родител или друг близок во фамилијата.“, соопштија од СВР.
Вакви средби на почетокот на овој месец беа организирани и со четирите ловечки друштва од поширокото тетовско подрачје, во функција на запознавање со законските импликации доколку се занемаруваат, односно кршат законските прописи од оваа област.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?