Гостивар
Во Гостивар само 6 новозаразени со корона минатата недела

Во периодот од 5 до 11 септември направени се 4.070 ковид тестови, од кои 635 биле со позитивен резултат, намалување од 40,6% во однос на претходната недела, објави Институтот за јавно здравје. Процентот на позитивност се движи од 7,4% до 18,3%, просечно 14,5%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (337). Во Гостивар регистрирани се 6 новозаразени.
Според податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасните групи од 0-9 години и од 10-19 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.033 лица во хоспитални услови или на домашно лекување. Ппријавени се 162 реинфекции, со намалување од 39,8% во однос на претходната недела.
Пријавени се 4 смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела (05-11.09.2022), за еден помалку во споредба со минатата недела. Пријавен е по еден смртен случај од Скопје. Велес, Куманово и Струга. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава