Поврзи се со нас

Гостивар

Совет Гостивар: Усвоени одлуки за легализација, финансии, работа на ЈП за паркинг и зеленило

Објавено

на

Без многу дискусии и образложенија, со усвојување на сите точки од дневниот ред, помина денешната седница на Советот на Општина Гостивар. Најмногу одлуки беа донесени од сферата на урбанизмот, односно легализацијата на бесправно изградени објекти. Десетина од нив опфаќаат донесување на урбанистичко планска документација за џамии низ села на гостиварска територија и тоа: Речане, Равен, Вруток, Ѓоновица, Србиново, Беловиште и други. Се изгласаа и петнаесетина одлуки  за легализирање на објекти во приватна сопственост.

Советот усвои и измена и дополнување на годишната Програма на ЈП за паркинг и зеленило и финансиски извештај на претпријатието, кои беа ставени како дополнителни точки.

„Управниот одбор на претпријатието донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата, од причина што освен претходно зацртаните работи и проекти, во текот на оваа година сме реализирале и дополнителни инвестиции, градење на нови зелени површини низ селата и нивно одржување“, рече Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинг и зеленило.

Мнозинството не гласаше за предлогот на Насир Муслиу од ДУИ, на дневен ред да се стави и предлог-одлука со која МВР повеќе нема да го користи објектот на некогашната општина Чегране, како Полициска станица.

Советниците ја поддржаа прераспределбата на средствата во Буџетот на Општина Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена