Вести
Совет на Гостивар: Верифициран мандатот само на новиот советник од СДСМ
Комисијата за верифицирање на мандати, на денешната седница на Советот на општина Гостивар го верифицираше мандатот на новиот советник од редовите на СДСМ, Спиро Аксовски. Магдалена Петрушеска од ВМРО ДПМНЕ и Дашурие Усеини од НДП не беа присутни на седницата, поради што Комисијата не ги потврди нивните мандати. Тие во Советот, исто како и Аксовски, требаше да ги заменат нивните сопартијци, кои станаа парламентарци.
Интересно е да се спомене дека одлуките на денешната седница, ги поддржаа групите и на двете македонски партии. „ЗА“ гласаа и членовите од советничката група на коалицијата предводена од СДСМ и групата предводена од ДПМНЕ, иако постоеја одредени прашања дали по актуелната политичка ситуација во државата, ВМРО ќе продолжи да ги поддржува предлозите на локалната власт во Советот.
Инаку на седницата, 35-та по ред, на дневен ред се најдоа прашања врзани со образованието, финансиите, работата на јавното претпријатие за паркинг и зеленило како и со урбанистичкото планирање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди