Поврзи се со нас

Гостивар

Советот го изгласа буџетот на Општина Гостивар за 2022-ра година

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на денешната седница го усвои буџетот на локалната самоуправа за 2022-ра година. Со одредени предлози и измени, конечната проекција на буџетот е 1 милијарда 170 милиони денари.

Образложение за средствата предвидени во ставките пред советниците даде Садри Елези од општинскиот Сектор за финансии.

„Ова е реален, економичен и развоен буџет. Имаме критериуми за планирање, односно од последните три години реализација, плус 30%, и над тоа не смееме еден денар да поминеме. Средствата се планирани во приходи и расходи и по колони: основен буџет, буџет за самофинансирање, донации, дотации и кредити. Во основниот буџет имаме 375 милиони денари, тука ќе се реализираат програми и потпрограми, самофинансирање имаме кај градинките и училиштата кои имаат свои сметки, кај дотациите средствата доаѓаат од централниот буџет, кај донациите имаме информации за некои проекти кои ќе се реализираат и од општината и од донации и кај кредитите имаме еден долгорочен кредит за канализација, која веќе се гради, над 2 милиони евра, од која сума 20% ќе се опфатат во 2022-ра. Се знае, буџетот се полни од даноци, такси и други давачки од граѓаните и фирмите, тоа се изворите на самофинансирање на општината: од персонален данок, данок на имот, комунални такси, неданочни и капитални приходи и трансфери. Овие средства ќе се трошат по програми и потпрограми.“, рече Елези.

Градоначалникот Арбен Таравари кажа дека освен од дотации од централно ниво, за училиштата и градинките ќе се издвојат пари и од финансиите на општината, а ќе се намалат трошоците во ставката за градоначалник.

„И претходно многу пари како општина сме издвојувале за градинките и училиштата и тие не случајно изгледаат поинаку од оние во други градови. Значи надвор од дотациите. Капитални инвестиции во градинките и училиштата од сопсвени средста следната година ќе имаме околу 400.000 евра. Исто така до сега, сме го преполовиле трошокот кај градоначалникот, а така ќе продолжиме и понатаму“, рече Таравари.

Предлозите за измените кои без вметнати и изгласани ги даде советникот од ВМРО ДПМНЕ, Гоце Димовски, кој е претседател на Комисијата за финансии. Тие се однесуваа на покачување на средствата во Програмата за спорт од 3 на 4 милиони денари, за програмата за животна средина од 1 на 3 милиони денари и во делот за проект кој оди преку Светска Банка дополнителни 24 милиони денари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена