Гостивар
Тридневен хуманитарен хепенинг во Гостивар во пресрет на Новата Година

Градскиот плоштад во Гостивар денес, утре и во недела е место кадешто дечињата може да се дружат и фотографираат со Дедо Мраз и кловн, да ја покажат својата хуманост, но и да добијат подарок во духот на Новата Година. Сето тоа е во рамки на хуманитарниот хепенинг, што го организира Здружението „Анисија“.
„Сакаме да внесеме радост и насмевки кај дечињата во овој предновогодишен период и да придонесеме за поубава празнична атмосфера во Гостивар. Секако, најважен е солидарниот аспект на настанот. Децата се фотографираат со Дедо Мраз и во кутија за донации оставаат пари според можноста, а тие средства ќе се наменат во хуманитарна цел. Потоа, од штандот на кој имаме изложено рачни изработки со новогодишни мотиви си избираат сами свој подарок“, рекоа организаторите.
Хепенингот продолжува утре и во недела во периодот од 11 до 15 часот.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја