Поврзи се со нас

Гостивар

Советот на Гостивар усвои Програма за проблемот со кучињата скитници

Објавено

на

На денешната седница на Советот на општина Гостивар беше усвоена Програма за решавање на проблемот со бездомните животни за 2024-та година. Документот содржи образложение на состојбите и потребите, проценки на број на кучиња скитници, начини на третман, едукативни активности за населението и др.

„Одделението за комунални дејности има обврска да ја изготви Програмата, таа е истата како и лани. Агенцијата за храна и ветеринарство ја разгледа и прифати. Сепак, проблемот со кучињата скитници општините не можат сами да го решат, дека тоа е национален проблем беше кажано претходно и од централната власт. Треба решение на регионално ниво, слично како со регионалните депонии. Знаеме дека кучињата се транспортираат од една во друга општина и локалните самоуправи не можат сами да се справат со тоа. Ако Владата не преземе обврска да го реши пробемот на регионално ниво, тогаш останува општините сами да се снаоѓаат.“, рече раководителот на Секторот за заштита на животната средина, Зуди Џелили, во чиј склоп е одделението за комунални дејности.

Инаку, Програмата опфаќа заловување и масовна стерилизација/кастрација и вакцинација на бездомните животни, по што истите се враќаат на територијата од којашто биле заловени и каде што продолжуваат да живеат. „Поради порастот на популацијата, за најбрз загарантиран ефект препорачливо е 70% од кучињата во одредено географско подрачје да се стерилизираат/кастрираат во рок од 6 месеци.  Со 75% стерилизирани /кастрирани единки, процентот на напредок на популацијата станува 0%, по што бројот на кучиња природно почнува да опаѓа.“, пишува во документот.

Наведени се и едукативни кампањи за одговорен однос кон животните, кои се однесуваат на:воведување концепт на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, вакцинација, идентификација и регистрација, поттикнување на сопствениците да ги стерилизираат, вакцинираат, и да ги регистрираат своите миленици, промовирање на одговорна грижа за „маалските“ бездомни кучиња итн.

Проценка на изготвувачите на Програмата е дека на подрачје на Општина Гостивар има околу 1000 бездомни кучиња, од кои 650 во градот и останатите 350 по селата.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 6 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 8 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 10 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 11 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 11 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 13 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 14 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена