Македонија
СПЦ и МПЦ-ОА во Белград одржуваат литургија на помирување

Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград денеска српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, однсно литургија на помирувањето, јави дописникот на МИА од Белград.
Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.
– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.
Литургијата почне во девет часот, а ја одржуваа српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.
Во врска со денешното одржување на заедничката литургија, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј по седницата на Соборот на МПЦ-ОА вчера изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, што, според него, е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ.
Тој потенцираше дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство со МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.
– Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, изјави митрополитот Тимотеј, додавајќи дека дека архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му испратил писмо на вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград.
Српскиот патријарх Порфириј вчера по средбата на епископите на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за одлуката на Соборот на СПЦ за односите со МПЦ-ОА, изјави дека „со браќата од Македонија имавме раскол, тие се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо“.
– Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде Господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски) и другите во Охридската архиепископија, со молитвите и на оние кои се членови на Македонската православна црква, да дојдеме до она што е желба и на едните и на другите и да воспоставиме единство. Да се вратат браќата од Македонија во единство со нас, па и со сите други православни цркви, рече српскиот патријарх.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022