Поврзи се со нас

Гостивар

Средношколците во Гостивар го одбележаа Денот на Свети Климент

Објавено

на

Во пресрет на 8-ми Декември, празникот посветен на Свети Климент Охридски, во Гостивар се одржаа неколку свечености, во организација на средните училишта.

Манифестацијата во холот на гостиварското техничко училиште беше исполнета со културно-уметничка програма, рецитал и песни посветени на ликот и делото на Свети Климент.

Свои пригодни обраќања имаа директорот на училиштето Ибраим Асани и заменик директорот Мирослав Јованоски. Настанот го организираа професорките по македонски јазик: Анѓелина Нофитоска, Гордана Страшевска, Ана Савеска и Верица Ефтоска Илиоска.

Гимназијалците пак, свеченоста по повод 8-ми Декември ја одржаа во Центарот за млади и заедницата. Во програмата беа вметнати рецитаторски и музички точки, како и квиз на знаење.

Манифестацијата во чест на најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, Свети Климент, гимназијата ја заокружи со доделување на благодарници на средношколци и професори.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена