Поврзи се со нас

Македонија

Стартува пријавувањето за субвенции за одмор за семејствата со ниски примања

Објавено

на

Започнува пријавувањето за субвенции за одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари. Оваа мерка се спроведува во рамки на  Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година.

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата на Република Северна Македонија  преку програмата на Министерството за економија,  во 2017 година  почна да ја спороведува  оваа мерка со цел да даде подршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата“, изјави министерот за економија, Кресник Бектеши.

Во 2018 година над 1.700 семејства искористиле одмор во туристичките места низ државата, а според податоците на Министерството, најпосетени биле Охрид, Попова Шапка, Маврово, Берово.

„Оваа година издвоивме 20.000.000 денари за оваа цел, така што сите вработени кои ги исполнуваат условите месечните примања во семејството да не надминуваат нето приход од вкупно 22.000 денари, ќе имаат право на субвенции од 15.000 денари. Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата за сместување кои се претходно пријавени во Министерството за економија и со кои имаме склучено Договор за соработка“, истакна Бектеши.

Јавниот повик ќе трае до 30 август, додека користењето на годишниот одмор ќе може да се реализира најдоцна до 30 ноември 2019 година. Деталите околу пријавувањето и документите заинтересираните може да ги добијат во Министерството за економија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 56 минути

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 2 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 3 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 5 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 6 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 20 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 21 час

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена