Поврзи се со нас

Гостивар

Стотина напади од кучиња скитници во Гостивар и селата во текот на 2023-та

Објавено

на

Трипати повеќе напади од бездомни кучиња се регистрирани на поширокото гостиварско подрачје лани, споредено со 2022-ра година. Според податоците од СВР Тетово, во текот на 2023-та година во Одделението за внатрешни работи Гостивар биле пријавени 94 случаи, од кои најголемиот дел 63 биле во градот, останатите низ селата Галате, Чегране и други, како и во Маврово. Во 2022-ра имало вкупно 36 напади.

Кучињата скитници за граѓаните се сериозен проблем поради кој честопати се чувствуваат небезбедно на улици, во паркови или други јавни површини каде животните се собираат во глутници и се случива да бидат агресивни. Ризикот е поизразен во вечерните часови или рано наутро, кога нема многу движење од минувачи и возила.

Изминатиот период повеќе граѓани кои се обратија до нашата редакција, како особена критична локација каде се повторуваат напади од кучиња, ја посочија областа кај големиот мост близу зградите со социјални станови.

Според проценките на подрачје на Општина Гостивар има околу 1.000 кучиња, скитници од кои 650 во градот и останатите 350 по селата. Од локалната самоуправа велат дека општината преку ангажирање оператори врши третман на животните, но дека се носат кучиња од други градови и затоа ги има во толкав број низ улиците.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена